fbpx

Објектив

Погледни подобро

Добра вест за штедачите на Еуростандард Банка, еве кога ќе почне исплатата на парите од нивните сметки

До крајот на неделава штедачите во Еуростандард банка, треба да започнат да ги добиваат своите пари. Истекува законски предвидениот рок од 20 дена до кога треба да започне исплатата.

Стечајниот управник Душко Тодевски веќе ги извести и граѓаните и фирмите кои имаат депозити во Еуростандард банка АД Скопје дека не треба да ги пријавуваат кај него, бидејќи тие без оглед на износот се сметаат за пријавени со денот на отворање на стечајната постапка.

Штедачите со влогови до 30.000 евра имаат право да си ги добијат парите во целина преку Фондот за осигурување депозити.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: