fbpx

Објектив

Погледни подобро

Коронавирусот не бира, супер ѕвездата на ПСЖ со позитивен тест

Тројца фудбалери на ПСЖ се позитивни на корона вирусот, објавија денеска француските медиуми.

Подоцна беа откриени и имињата на заразените. Најзвучното име е најскапиот фудбалер на сите времиња Нејмар, како и Анхел ди Марија и Ленадро Паредес. Интересно е тоа што поголемиот дел од фудбалерите на ПСЖ летувале на Ибица по финалето од Лигата на шампиоите, а меѓу нив биле и Ди Марија и Паредес. Но, таму биле и Мауро Икарди, Кејлор Навас и Серхио Рико кои не се заразени.

Во краткото соопштение ПСЖ потврди дека тројцата фудбалери имаат ковид 19 и дека ќе мораат да отсуствуваат во согласност со мерките и протоколите. Лига 1 донесе одлука дека натпреварите на еден тим можат да бидат одложени ако бидат заразени најмалку четири фудбалери. Следен меч на ПСЖ е оној против Ленс, за осум дена.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: