fbpx

Објектив

Погледни подобро

Ќе се изненадите кој човек му помогнал на Џони Дип да стане актер

Без разлика што му се случува приватно, дали се разведува или е во брак, тој секогаш ќе биде Џони Деп кој го обожаваме. Доколку сте негов фан, тогаш сте прочитале и многу работи за неговиот приватен живот, знаете од каде потекнува, какво му било детството, почетоците во кариерата и друго.

Ние, сепак решивме да издвоиме неколку работи кои (најверојатно) не сте ги знаеле, а за кои се пишувало во медиумите.

-Роден е во Овенсборо, Кентаки 1963 година, тоа знаеме, неговата мајка се викала Бети Сју Палмер, била келнерка, татко му бил инженер чие име и презиме ги носи актерот, Џон Кристофер Деп.

-Додека бил во врска со Кејт Мос, за време на една од бурните расправии го руинирал апартманот во хотелот во Њујорк каде што престојувале. За штетата, ги обвинил вработените.

-Најголема заслуга за почетокот на кариерата на Деп има Николас Кејџ. Тој е човекот кој го запознал со агентот кој го вивнал во облаците.

-Дали е мит или вистина, сè уште нема потврдено, но луѓето од филмскиот свет велат дека тој има аверзија кон танцот, освен ако не е неопходно за улогата. Во спротивно, никогаш не танцува.

-Џони бил непријатен и груп кон ДиКаприо за време на снимањето на филмот “What’s Eating Gilbert Grape” во 1993 година, тврдат колегите. Откако Лео стана големо име, тој му се извинил за незрелите гестови.

-За улогата во филмот „Pirates of Caribbean” направил серозна интервенција и ставил златни навлаки на забите, за да може да изгледа како што бара улогата од него.

-Во 1997 година, за  Oasis ја отсвирел „Fade-In Out“.После заедничката соработка, Ноел Галагер му ја подарил својата бела гитара, која актерот често ја користи и денес на неговите свирки.

-Глумата не била од секогаш негов прв избор. Тој во Лос Анџелес дошол со бендот „The kids“ за да потпише договор со издавачка куќа. Со бендот дури настапувал како предгрупа на Иги Поп, по што неговата група се распаднала, а кариерата зела нов тек.

-Има фосил кој е наречен по него. Британскиот научник Дејвид Лег пронашол фоил стар 505 милиони години, што го потсетило на Edward Scissorhanda, лик кој го толкуваше Џони Деп во истоимениот филм. Како негов голем фан, тој на фосилот му го дал името на актерот односно дел од истото – “Kooteninchela deppi”

-Во една прилика, кога за малку ќе го ограбеле, еден од ограбувачите рекол „Јас не крадам од капетан Џек“ и се повлекле.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: