fbpx

Објектив

Погледни подобро

Влошена состојбата на Берлускони, екс премиерот на Италија итно хоспитализиран

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (83) е примен во болница во Милано поради компликации од инфекцијата со коронавирусот.

Здравствената состојба на Берлускони не е загрижувачка, ја цитираат британските медиуми партијата на Берлускони „Форца Италија“.

Неговиот личен лекар, Албето Зангрлио, во средата објави дека Берлускони е позитивен на Ковид-19.

Тогаш беше кажано дека Берлускони е асимптоматски, дека е во неговата вила во Милано и дека ќе остане таму 14 дена во карантин.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: