fbpx

Објектив

Погледни подобро

Интересен потфат на еден струмичанец, со „Застава 101“ од Струмица до Лондон

Храбриот и одлучен струмичанец Драган Крстев вчера попладне со својот автомобил „Застава 101“ од 1974 година, од Струмица тргнал на долг пат 2.625 километри. Крстев со возило старо 46 години сака да стигне во Лондон.

Драган за портал Струмица Денес изјави дека сите овие години му било голема желба токму со овој југословенски автомобил да стигне возејќи до Лондон.

Иако, Крстев пред да тргне на овој долг пат посетил неколку искусни мајстори и направил целосна контрола на возилото, тој сепак за секој случај во автомобилот зел и резервни делови и опрема за ноќевање доколку се случи поголем проблем со „Заставата 101“.

Драган, вчера стигнал во Нови Сад и немал никаков проблем засега. Инаку, тој последните 20 години живее во Лондон и таму има свој автосервис.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107