fbpx

Објектив

Погледни подобро

Коронота удри по најстариот занает, банкротираше еден од најголемите бордели во Европа

Еден од најголемите европски бордели банкротираше, а причина се мерките беа воведени поради пандемијата на коронавирус, јави Би Би Си. Десеткатниот бордел „Паша“ во Келн претрпе силен удар откако беа воведени мерките за запирање на ширењето на Ковид-19.

Проституцијата е забранета во германската држава Северна Рајна-Вестфалија по прогласувањето на пандемијата, оставајќи без работа околу 120 проститутки и 60 членови на персоналот, вклучувајќи готвачи и фризери.

Директорот на борделот Армин Лобсчеид ги критикуваше германските власти дека не дале прецизен рок кога работата би можела да продолжи. Официјални лица на секои две недели му велеле дека тој сè уште не може да добие работна дозвола.

Не можеме да правиме планови на овој начин. Можевме да избегнеме банкрот со помош на банките доколку имавме ветивање дека ќе почнеме со работа на почетокот на следната година, рече тој.

Лобсчеид вели дека во Германија се уште има проституција, само сега без плаќање даноци. Многумина се загрижени дека поради затворањето на борделите, проститутките ќе бидат во поголема опасност бидејќи ќе бидат принудени да работат на црно.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107