fbpx

Објектив

Погледни подобро

Постигнат договор помеѓу Косово и Србија, но дали со договорот се признава независноста на Косово?

Вашингтон – Претседателот на САД, Доналд Трамп, во петок во Овалната соба ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти.

Американскиот претседател на тој начин ќе присуствува на церемонијата на потпишување на договорот меѓу Србија и Косово, за кoj претходно зборуваа медиумите, и ќе учествува на трилатералниот состанок, објави Белата куќа, а пренесува и Гласот на Америка.

По средбата во Белата куќа, и Вучиќ и Хоти ќе се состанат индивидуално со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Стејт департментот. Помпео најпрво ќе се сретне со Вучиќ, во 11.30 часот по локално време, објави Стејт департментот. После тоа, во 14 часот по локално време, Помпео ќе се сретне со Хоти.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: