fbpx

Објектив

Погледни подобро

Сообраќајната полиција ќе снима додека ве казнува, нема повеќе непристојни понуди за полицијата

Разговорот се снима. Вака некако треба да започне вашата средба со сообраќаец доколку ве запре. Со специјални мини камери, од глава или рамо, сообраќајните полицајци ќе го снимаат работниот ден. Тоа значи дека во иднина секој што е вклучен во сообраќајот ќе мора да внимава на правилата при возење, но и како ќе се однесува откако ќе биде сопрен од сообраќаец. Опремата е донација на САД.

Новината од денес се спроведува низ тетовско-гостиварскиот регион како пилот-проект во областа на сообраќајот. Снимањето  ќе се воведе и во другите полициски активности.

– Полициските службеници ангажирани за контрола и безбедност во сообраќајот на тетовско-гостиварското подрачје веќе се опремени со мобилни системи за снимање со камера. Тие ќе ги користат на терен при преземање на планирани мерки и активности. На ваков начин ќе се снима, аудио и видео, целата комуникација помеѓу полициските службеници и граѓаните опфатени со контролни активности, вели Марјан Јосиофски портпарол на СВР Тетово.

На граѓаните ќе им биде кажано и објаснето дека нивната комуникација се снима и за која цел.

Очекувањата од овој пилот-проектот се: зголемување на ефикасноста во спроведувањето на активностите и намалување на можни злоупотреби од граѓаните или полициските службеници.

Видеоматеријалот ќе служи и како доказ при евентуална жалба од страна на лицето сопрено со моторното возило. Внатрешната контрола врз основа на снимка ќе треба да утврди дали сообраќаецот постапил според своите овластувања и дали пишаната казна е заслужена.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107