Форд планира отпуштање на 1400 вработени поради кризата само во САД
Компанијата Форд Моторс објави планови за намалување на 1.400 работни места со фиксна плата во Америка до крајот на годината, како дел од повеќегодишната програма за преструктуирање.
Компанијата, со седиште во Деарборн, Мичиген, претходно објави дека оваа година очекува загуба поради влијанието на пандемијата на корона вирусот.
Проценува дека нејзината добивка пред оданочување во третиот квартал ќе биде помеѓу 500 и 1,5 милијарди долари, а во четвртиот квартал, кога ќе лансира неколку нови модели на возила, очекува загуба.
Минатата година, Форд намали 7.000 работни места со фиксна плата (целосна плата, без оглед на работните часови) ширум светот, насочувајќи исто така на 12.000 дополнителни отпуштања и затворање на постројки во Европа. Компанијата исто така ги преструктуираше своите активности во Кина и Јужна Америка.
Нов извршен директор на Форд ќе биде Џим Фарли наместо Џим Хакет од 1 октомври, открива британската агенција.