Бајден смета дека Косово треба да биде независна држава
Противкандидадот на Трамп за претседателските избори Џо Бајден изјави дека не ги знае деталите за договорот меѓу Србија и Косово постигнат вчера во Вашингтон, но смета дека Косово е независна држава.
“Пред се, не знам на што се однесува договорот, но она што го аргументирав секогаш е дека Косово треба да биде независна држава, а не дел од Србија бидејќи поминав многу време таму. Врз основа на кажаното, моите претпоставки се дека договорот ќе ја засили косовската независност.” – изјави Џо Бајден.