fbpx

Објектив

Погледни подобро

Нема повеќе град во Македонија без активни случаи на Ковид-19

Нема град во земјава во кој нема позитивни на Ковид-19. Вкупниот број на активни случаи во моментов е 2.208, најмногу и натаму се во Скопје 755 по што следуваат Куманово со 277, Гостивар 146, Прилеп 143, Тетово 121 и Штип 111.

Во другите градови се бројат под 100 случаи, а најмалку има во Крушево и Ресен по еден, и во Валандово двајца.

Во болниците моментално се лекуваат 295 пациенти, од кои 43 се на кислородна поддршка, а по подолго време нема пациенти на механичка вентилација.

Во изминатото деноноќие се направени 1.486 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи со Ковид-19, најмногу во Скопје-40, Прилеп-12 и Куманово-10. Институтот за јавно здравје регистрира и 89 оздравени пациенти и тројца починати.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 14.871, оздравени се 12.054, а починати 609.

Направени се вкупно 154.948 тестирања на Ковид -19
error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107