fbpx

Објектив

Погледни подобро

Се утврдува кој ќе може да оди во предвремена пензија

Жените ќе може предвреме да се пензионираат на 57, а мажите на 59 година, но со помала пензија според законот кој го подготвува Владата а кој се очекува да стапи на сила по Нова година.

Според најавите, решението ќе им даде можност на работниците пет години порано да заминат во пензија. За колку проценти ќе им се намали пензијата на овие лица и колкав надомест ќе треба да уплаќаат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, сѐ уште е рано да се каже, велат од Фондот. Тоа ќе зависи уште колку години имаат до задолжителната старосна пензија, односно до 62 и 64 години, од кога ќе ја земаат во полн износ пензијата.

Според податоците на ПИОМ, со предвременото пензионирање од пет години се опфатени 52.000 вработени, и тоа 28.000 мажи и 23.000 се жени.

Можноста за предвремено пензионирање е прифатлива и за бизнисмените и за Конфедерацијата на слободните синдикати (КСС). Но бараат различни услови за работниците во јавниот и приватниот сектор. Во нестопанскиот, на пример, има превработеност, партиски војници кои со години земаат плата а многумина и не се појавуваат на работните места, додека во стопанството има огромен расчекор меѓу потребата и работната сила.

Острото намалување на бројот на работниците ќе предизвика пад на индустриското производство, на извозот, на бруто домашниот производ (БДП), велат од Организација на работодавачи. Затоа, од таму предлагаат во законот предвременото пензионирање да биде само по барање на самите вработени.

До јули годинава пензија им се исплаќа на 325.000 лица, за кои се исплаќаат речиси 915 милиони евра. Просечната исплатена пензија во јули изнесува 15.500 денари. а дури 35,5 отсто земаат 12.863 денари.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107