Трагедија кај Градско: Двегодишно дете се удавило во канал
Двегодишно дете синоќа било пронајдено удавено во отворен канал за наводнување во местото викано Рамниште, атар на с.Долно Чичево, општина Градско.
„На 3 септември околу 20.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на место викано Рамниште, атар на село Долно Чичево, Општина Градско, во отворен канал за наводнување било пронајдено удавено двегодишно дете од населбата Шуто Оризари, Скопје. Лекар од Градско констатирал смрт без траги на насилство“, рече Верољуб Додески, портпарол на СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција во Институт за судска медицина -Скопје.
Бил извршен увид на местото на настанот, по што ќе биде познато како детето завршило во отворениот канал на водостопанство Тиквешко Поле Макарија широк 3, а длабок 1,5 метри и полн со вода.