fbpx

Објектив

Погледни подобро

Украдена слика на Франс Халс од 17ти век

Слика на познатиот сликар Франс Халс е украдена пред неколку денови од мал музеј во близина на Утрехт, соопшти полицијата, а веста е пренесена и од светските агенции. Делото “Две деца што се смеат” од 1626 година исчезнала во раните утрински часови од музејот Хофје ван Арден. Музејот е затворен за јавноста поради пандемијата на корона вирусот, се додава во соопштението. Имено, полицијата интервенирала откако алармот на Музејот се активирал по крадците.

Ова е трета кражба на п0знатото дело – првиот пат се случил 1988 година, потсетува Би-Би-Си, кога истоимената слика исчезнала со уште едно дело и е пронајдена после три години, додека вториот пат се случил во 2011 година, кога е повторно украдена и вратена во музејот после шест месеци.

 

 

 

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: