fbpx

Објектив

Погледни подобро

Нема класична настава над трето одделение за училиштата во Скопје

Скопските училишта нема да добијат дозвола за настава со визичко присуство за повисоките одделенија, вели во министерот за здравство Венко Филипче.

“Има училишта, да дадам пример, кои имаат по пет-10 ученици во еден клас, тука се обединуваат ученици од прво до четврто одделение, некаде над 300 училишта во нашата држава се такви, меѓутоа тоа ќе биде со дозвола на Комисијата за заразни болести, ако епидемиолошката ситуација во таа општина тоа го дозволува. Само тие коишто имаат мала бројка на ученици, односно конкретно да ви одговорам. Доколку училиштето е во Скопје и сака да направи исклучок и аплицира за дозвола да бидат физички присутни и учениците од четврто и петто одделение од почетокот на октомври, ние нема да го дозволиме тоа“ – вели Филипче.

Од Министерството за образование пак, велат дека владината комисијата ќе одлучи кое училиште ги исполнува условите согласно протоколите донесени од Владата.

Претходно, скопскиот градоначалник Петре Шилегов и министерката за образование Мила Царовска, информираа дека Општините до 10 септември треба да достават одговор до МОН за моделот на настава во нивните училишта и да побараат евентуално настава со физичко присуство, а МОН и владината комисија ќе дадат одобрение, доколку ги исполнуваат условите.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107