Лишен од слобода полицаец во Скопје
Рано утринава полицаец бил приведен, откако при контрола на неговото возило одбил да даде документи и се однесувал агресивно кон полициските службеници
Тој бил приведен во Полициското одделение Шуто Оризари, по што е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за натамошна постапка.