На маките им нема крај – Новак Ѓоковиќ повторно казнет
Освојувачот на седум Гренд-слем титули, Џон Мекинро (САД), изјави дека по синоќешното дисквалификација од УС Опен, Новак Ѓоковиќ е веќе „лошото момче“ на тенисот. Експертот за „Еуроспорт“, познат по насилниот темперамент и остриот јазик, рече дека не очекувал таков чин од Србинот, особено во ситуација кога тој е очигледен фаворит.
– Притисокот му дојде премногу. Ѓоковиќ ќе биде „лошото момче“ до крајот на својата кариера, сакал тој или не. Ако ја прифати оваа улога, мислам дека ќе може да се опорави. Многу се случи околу него во последните месеци, но она што се случи синоќа е дамка што Новак нема да може да ја избрише – изјави популарниот „Биг Мек“ за „ЕСПН“.
По дисфалификацијата на US OPEN, на Ѓоковиќ му е изречена нова казна, односно српскиот тенисер мора да плати додатни 10 000 долари заради несоодветното однесување.