fbpx

Објектив

Погледни подобро

Фејсбук им плаќа на корисниците да ги исклучат своите профили до избори

Фејсбук ќе им плаќа на дел од своите корисници да ги деактивираат своите профили на Фејсбук и Инстаграм пред изборите во САД, закажани за 3 ноември.

Дел од американските корисници на овие социјални мрежи добиле известување на своите платформи дека можат да учествуваат во овој експеримент, во кој нивниот профил ќе биде исклучен една или шест недели. Корисниците ќе бидат платени најмногу до 20 долари неделно.

Информацијата ја потвдила и портпаролката на Фејсбук, Лиз Буржо, која напоменала дека ова е „прилично стандарден тип на академско истражување“.

Претходната недела Фејсбук соопшти дека се здружува со 17 надворешни научни истражувачи за да се истражи влијанието на компанијата на американските избори 2020.

„Ќе се набљудува влијанието на тоа како луѓето го користат нашиот производ, вклучувајќи и содржините кои се споделуваат во јазичето за вести и на Инстаграм и улогата на сервисите како системите за рангирање на содржини“, изјавил потпретседателот на секторот за глобални политики и комуникации на Фејсбук, Ник Клег.

Како дел од истражувањето ќе бидат волонтери од САД, а од компанијата очекуваат да учествуваат меѓу 200 и 400 илјади корисници.

 

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: