Филипче изјави: Најризичните категории и понатаму остануваат заштитени
Министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање ја појасни препораката на Комисијата за заразни болести хронично болните да се вратат на работа, која нема да важи за лицата кои имаат извештај од специјалист за влошување на болеста.
Во однос на препораката трудниците да бидат ослободени од работа, Филипче посочи дека трудниците се категорија за која се уште нема доволно стручни сознанија како и дали вирусот можеби влијае на развојот на плодот и од претпазливост за нив се продолжува оваа мерка.
„Сметаме дека кај родилките е доволен ризик фактор пуштањето на останатите возрасни групи во градинките и за оваа категорија може да се почека, може да се обезбедат и средства преку МТСП коишто ќе се трансферираат во ФЗО за исплата. Ова е категорија којашто и понатаму ќе ја мониторираме до нова година, па ќе видиме како ќе биде состојбата“, изјави Филипче и додаде дека дополнително ќе се дискутира во наредните денови и ќе се донесе одлука за родителите на децата до 10 години коишто сега се ослободени од работа.