fbpx

Објектив

Погледни подобро

Французин казнет со 1.000 евра заради крадење ПЕСОК

 

Локалните власти задолжени за заштита на крајбрежјето на островот Сардинија во Италија, му одзеле пластично шише со ситен песок на француски турист чиј идентитет не е откриен, на аеродромот Елмас на италијанскиот остров јавува „Еуроњуз“.

Белите зрна песок од чистите плажи на Сардинија се сметаат за скапоцени и се заштитен ресурс.

„Овие однесувања не само што и штетат на животната средина, туку и го загрозуваат одржувањето на крајбрежјето, за одржливиот развој на туризмот во Сардинија“, се вели во соопштението на надлежните.

Француски турист е казнет со 1.000 евра парична казна

Претходно во август 2019 година, француска двојка беше уапсена со 40 килограми песок во нивниот автомобил, непосредно пред да се качи на траект кој патувал за Тулон. Веќе неколку години, Сардинија им забранува на посетителите да земаат песок од плажите, а прекршителите се казнуваат со големи казни.

Трговијата со песок, камчиња и школки е забранета од 2017 година и оттогаш се казнува со парични казни во висина до 3.000 евра.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: