fbpx

Објектив

Погледни подобро

Грција се подновува со ново оружје поради тензиите на Медитеранот

Владата на Грција соопшти дека планира да купи оружје, да ги зајакне своите вооружени сили и да ја обнови својата одбранбена индустрија, заради растот на тензиите со сојузникот во НАТО Турција околу енергетските ресурси на истокот на Медитеранот.

Грција, која во 2018 година излезе од економската криза и се бори со економското влијание на кризата со коронавирусот, сака да потроши дел од своите готовински резерви од неколку милијарди евра на својот одбранбен сектор. Премиерот Кирјакос Мицотакис ќе ги претстави ваквите планови за време на годишниот говор за економска политика в сабота.

Претставник на грчката влада минатата недела за Ројтерс изјави дека Грција разговара со Франција и други земји за аквизиција на борбени авиони. Мицотакис ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон на Корзика в четврток, пред самитот на јужноевропските лидери на овој француски остров Корзика. Двајцата лидери се очекува да разговараат за затегнатите односи на Европската унија со Турција, соопшти кабинетот на Макрон.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: