Професорка по историја починала од Ковид19 додека предавала Online од дома
Професорка по историја на факулетот во Аргентина, починала во својот дом додека предавала онлајн на своите студенти.
Странските медиуми пишуваат дека Paola De Simone (46) боледувала од корона, а за време на предавањето се пожалила на проблеми со дишењето. Нејзините студенти побарала нејзина домашна адреса, со цел да повикаат брза помош, но професорката не можејќи да дојде до воздух, успеала да изговори само “Не можам” и по неколку моменти починала.
Нејзиното безживотно тело е пронајдено неколку часа подоцна од страна на нејзиниот сопруг кој воедно бил и лекар.
De Simone на социјалните мрежи секојдневно ја објавувала брачната секојдневната битка со корона што овој брачен пар ја водел.
“Многу е комплицирано. Повеќе од четири недели сум позитивна на вирусот, а симптомите не поминуваат. Сопругот е исцрпен поради целата ситуација”. – напишала De Simone.
Веста за смртта на младата професорка ја погоди Аргентина, но и целиот свет посочува дека корона вирусот е реален.