fbpx

Објектив

Погледни подобро

Франција бара од ЕУ санкции за Турција поради тензиите со Грција

Турското прашање и тензиите во Источниот Медитеран ќе бидат разгледани на седницата на Европскиот совет, најмногу со идејата да се разгледаат санкции против Анкара. Тоа го изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан. Тој посочи дека заедно со неговите колеги од земјите членки на ЕУ веќе разговарале за „нивото на чекори што можеме да ги преземеме во однос на Турција“.

Турција почна истражување во водите меѓу Грција и Кипар на 10 август, зголемувајќи ги тензиите во стратешкиот коридор на источен Медитеран. Грција одговори со поморски вежби за одбрана на својата поморска територија, кои подоцна беа засилени со распоредување француски фрегати и борбени авиони. Спорот меѓу членките на НАТО ги потенцираше зголемените геополитички ризици во оваа област, бидејќи Турција спроведува поагресивна националистичка политика под претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавуваат француски медиуми.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: