fbpx

Објектив

Погледни подобро

Во пожар изгоре документацијата на еколошките инспектори

Изгоре целосната документација на еколошките инспектори, а не се знае дали ќе се спасат компјутерите полни со податоци. Пожарот од утринава кој избувна во поранешна комерцијална банка го отвори прашањето, дали три државни институции биле безбедни во вакви ситуации. Инспектори за заштита и спасување сега ќе истражуваат зошто не работеле хидрантите и кој ги сервисирал ПП апаратите. Среќна околност е што вработените во инспекторататот за животна средина, секретаријатот за европски прашања и државната новинаска агенција не биле дојдени на работа.

Во 6.50 утрово заѕвонел телефонот во противпожарната служба, пожар пријавил чуварот во зградата на поранешна комерцијална. Таму сега се сместени две институции –  инспекторатот за животна средина и секретаријатот за европски прашања и еден медиум – државната новинска агенција МИА. Во моментот на пожарот вработените не биле дојдени на работа па нема повредени. Но 24 пожарникари со 9 возила се обидувале да го изгаснат. Проблеми имале многу, од тоа дека немале шема на зградата со многу простории до тоа дека не работеле хидрантите.

После неколку часови епилогот од пожарот е целосно изгорена документацијата на инспекторатот за животна средина, изгорени се и дел од компјутерите па не се знае дали нешто од досегашната работа на инспекторите ќе биде сочувано.

Но пожарот го отвори прашањето дали зградата била безбедна за вакви ситуации. Неофицијално два ПП апарати првично употребиле чуварите но не успеале да го изгаснат. Директорот на дирекцијата за заштита и спасување сега вели дека инспектори се на терен да проверат дали се почитувале мерките за заштита од пожари.

Зградата во која сега се целосно уништени шест простории е на државата, а владата ја отстапила на користење на три институции и таа е надлежна за нејзино одржување. На фејзбук се огласи заменик претседателот на владата за европски прашања Никола Димитров кој напиша дека и покрај тоа што огнот не навлегол во нивните канцеларии сепак поради работа на инсталацијата привремено ќе работат по електронски пат или од Владата.

Просториите привремено не може да ги користи ниту МИА, а за инспекторатот за екологија е известена Владат која ќе треба да најде решение. Инаку несуденото име на зградата и е палата АСНОМ уште од времето на владата на Груевски, но на палата никогаш не заличи. Сега од инспекторатот велат дека токму службата за општи и заеднички работи во Влада е надлежна да ја сервисира, а тие биле само нејзини потстанари.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: