fbpx

Објектив

Погледни подобро

Ништо од тунелите под Кале, Шилегов го раскина договорот за проекирање со турската фирма

Град Скопје го раскина договорот за проектирање на тунелите под Кале со турската фирма „Мега инженеринг консалтинг АД“ бидејќи не ги испочитувале роковите за изработка на проектот, јави Сакамдакажам.

„Активирана е банкарската гаранција, наплатено е за неисполнување на одредбите од договорот. Подобро да изгубиме една година отколку да добиеме лош проект, што потоа не можеме да го реализираме. Нема да дозволам да добиеме неквалитетен документ за толку важен проект кој ќе го смени изгледот на градот“, вели градоначалникот Петре Шилегов.

Шилегов вели дека не се откажува и најавува нов тендер за проектант и верува дека до крајот на својот мандат ќе ја почне реализацијата на долго најавуваната идеја за тунели под Кале.

Според проценките реализацијата на овој проект ќе чини околу 30 милиони евра.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: