fbpx

Објектив

Погледни подобро

Тежок ден за Тесла, за еден ден вредноста на акциите паднаа за една третина

Тесла го доживеа најлошиот пад досега. Производителот на електрични автомобили вчера падна над 21%, што е најголема загуба за еден ден досега, по веста дека нема да биде вклучена во индексот S&P 500.

Генерално, акциите на Тесла изгубија повеќе од една третина од својата вредност за само една недела.

По долгиот викенд на Денот на трудот, американските пазари вчера имаа негативна сесија, бидејќи и DJ30 и SPX500 паднаа за повеќе од 2%, додека NASDAQ100 заврши за повеќе од 4% пониско, со што загубата од 3 дена достигна 10% .

Епл имаше пад за повеќе од 6%, а Амазон и Фејсбук загубија повеќе од 4%. Утрово, фјучерсите укажуваат на пригушен отвор, бидејќи се очекува водечките индекси да се отворат стабилно.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: