fbpx

Објектив

Погледни подобро

Како ќе учат студентите? Еве ги подготовките на најголемите Универзитети во Македонија

Најголемите универзитети се потпираат на информациите за актуелната состојба со пандемијата и според тоа ја организираат наставата и полагањето во наредната академска година.

УГД со утврден распоред за хибридна настава

Земајќи ја предвид информатичката инфраструктура со која располага Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип, искуството од претходниот семестар и фактот дека УГД беше издвоен како успешен пример за целосно имплементирање на учењето на далечина, Универзитетот донел одлука да имплементира хибриден систем на едукација со почетокот на учебната 2020/2021 година, информираат оттаму.

За зимскиот семестар се планира теоретската настава, односно предавањата, индивидуалната настава и други облици и обврски што се соодветни на специфичноста на наставно-научната и уметничката област да се спроведуваат онлајн. Практичната настава (вежбите, лабораториски, клинички) ќе се одвиваат комбинирано (и онлајн и со физичко присуство во согласност со здравствените протоколи) во зависност од спецификата на наставната дисциплина и бројот на студентите во лабораториите и објектите на универзитетот .

Испитите, колоквиумите и другите форми на континуирана проверка на знаењето ќе се одржуваат комбинирано (онлајн и со физичко присуство) според потребите и големината на групите.

 

УКИМ: Физичко присуство за практична настава и колоквиуми

На најстариот македонски универзитет „Св. Кирил и Методиј“ исто така наставата ќе биде хибридна. Ректорот Никола Јанкуловски вели дека комбинираниот модел на онлајн-настава и настава со физичко присуство е нешто што ќе биде применето на факултетите при УКИМ.

Практичната настава ќе биде реализирана со физичко присуство во мали групи согласно протоколите, но и онлајн, зависно од предметот. Теоретската настава ќе се одвива онлајн. Колоквиуми ќе се полагаат со физичко присуство, а притоа ќе се почитуваат мерки за заштита.

 

УКЛО: Се подготвува стратегија

Во овој период УКЛО ги прави неопходните подготовки за почеток на академската година. Во тој контекст, работната група специјално формирана за таа цел изработи Стратегија за реализација на наставно-образовниот процес во услови на пандемија на коронавирус за академската 2020/2021.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: