fbpx

Објектив

Погледни подобро

Албанија и Косово формираа заедничка кошаркарска лига, очекуваат екипи и од Македонија

Албанија и Косово потпишаа „историски договор“ за формирање заедничка кошаркарска лига.

Договорот во четвртокот вечер во  Тирана го потпишаа претседателите на кошаркарските федерции на двете земји, во присуство на претседателот на ФИБА Тургај Демирел.

Во заедничката лига, која треба да стартува веќе оваа есен, ќе учлествуваат осум екипи, по четири од Албанија и од Косово, а организаторите посочија дека вратите на натпреварувањето кое ќе го носи името „Liga Unike“ е отворена и за екипи од Македонија.

„Вратите на нашата лига се отворени за сите“, изјави првиот човек на албанската федерација Арбен Фетаху.

„Се надеваме дека во следните сезони во нашата лига ќе имаме учесници и од Македонија, како и клубови од сите други регионални федерации кои ќе имаат таква желба“.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: