АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ВО АМЕРИКА – ИТНО ЕВАКУИРАНИ 500 000 ЛУЃЕ
Пожарите што беснеат во западен САД создадоа голема количина на пепел и дим што го засенија сонцето. Ваквото засенување на сонцето жителите на Сан Франциско, го опишаа како апокалиптично сценарио од филм.
Половина милион луѓе се евакуирани во Орегон, додека пожарникарите се борат со рекордни 900 000 хектари шумски пожар.
Во последните 48 часа, четири луѓе ги изгубија животите во Калифорнија, додека уште четири луѓе погинаа во Орегон, а едногодишно дете умре во Вашингтон, како последно соопштение за жртвите од страна на полицијата.
Илјадници луѓе се соочија со наредбата за евакуација во три држави.
Орегон од минатата седмица се бори со 100 големи пожари кои беснеат ширум западните делови на САД, а 3000 пожарникари се борат во Орегон да ги стават пожарите под контрола.