fbpx

Објектив

Погледни подобро

ДИРЕКТОРИ МЕСТЕЛЕ ПОВИСОКИ ПЛАТИ, РАБОТНИЦИТЕ ВТОР МЕСЕЦ БЕЗ ПЛАТА

Директори на дел од установите од културата местеле вработени да добијат повисоки плати со новата систематизација. Затоа Министерството за култура на тие установи им ги враќа систематизациите на преработка. Тоа е една од причините да не почне исплатата на задоцнетите јулски плати во сите установи од културата.

Од Синдикатот за култура бараат санкции за неодговорните директори.

Од денеска започна исплатата на задоцнетите јулски плати во установите од културата, согласно новиот Колективен договор. Но, плати ќе добијат само 1/3 од вработените зашто кај останатите , раководителите местеле поединци да добијат повисоки плати, согласно новите систематизации на работни места или ја грешеле постапката и до сега не ги доставиле документите до Министерството за култура.

“Дел од директорите на институциите , не знаеме точно кои институции , кои директори , се обиделе на одредени вработени да им ги подобрат работните места и да ги распоредат на повисоки работни места, со изработката на новата систематизација и новите решенија.Токму заради тоа Министерството за култура ги бара и новите и старите систематизации , за да не се случи истото што се случуваше со нивелацијата за одредени луѓе да фатат подобри позиции и за да земат поголема плата” – вели Гоце Павловски, секретар на синдикатот за култура.

Поради вратена систематизација на доработка, над 500 вработени во Националната опера и балет деновиве нема да ги земат платите за јули. И во НУБ „ Свети Климент Охридски“ нема плати зашто систематизацијата се уште не е доставена до Министерството. Од Синдикатот за култура побараа Министерството за култура да ги санкционира несовесните директори. Иако ја побаравме, од ресорот Култура не ја добивме листата на установи на кои систематизациите им се враќаат. Од таму велат дека има разлики помеѓу старите и новите систематизации.

Вицепремиерот за економски прашања Битиќи побара директорите кои не ги завршиле обвските да ги напуштат функциите.

“Соодветните раководни лица кои не испорачале тоа што е очекување од граѓаните, јас мислам дека не треба да очекуваат некој да ги смени , туку сами треба да си заминат” – тврди вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Новите систематизации се согласно новиот Колективен договор, на кој над 3000 вработени во културата чекаа 15 години.

Новата министерка за култура Ирена Стефоска, на минатонеделната средба со синдикатите рече дека по доставените систематизации и пресметки ќе бидат пуштени и платите за август.

Со Колективниот договор платите ќе пораснат, но има и намалување кај поединци кои неиздржано порано земале високи плати со одлука на директорите.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107