fbpx

Објектив

Погледни подобро

СИНОТ НА ЖАН МИТРЕВ НА СУД ЗА ТЕРОРИЗАМ ВО ФРАНКФУРТ

Судскиот процес во кој обвинет за тероризам е германскиот државјанин Ф.М. со потекло од Македонија започна деновиве во Франкфурт, пишуваат германските медиуми.


Се работи за случајот од ноември 2019 година, кога германската полиција уапси три лица на возраст од 24, 22 и 21 година.

Германските медиуми објавија дека организаторот на нападот што требало да се случи во Франкфурт, е Филан Митрев, кој потекнува од угледни родители, а неговиот татко е сопственик на приватна Клиника за кардиохирургија во Македонија.

На социјалните мрежи веднаш почнаа да се споделуваат фотографии од кои може да се заклучи дека таткото на Филан е д-р Жан Митрев. Филан е дете на Жан од првиот брак.

Во Германија пишуваат дека познатиот хирург подолго време се обидувал да му помогне на својот син да излезе на прав пат и му помагал финансиски, за да учи во неколку приватни училишта. На судењето било споменато дека тој месечно добивал по 1.000 евра од својот татко, бидејќи ги побарал за да изнајми трафика за работа, но на прашањето на што ги трошел парите Филан не дал одговор.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107