fbpx

Објектив

Погледни подобро

Според Заев прашањето „Чив е Гоце Делчев“ е полесно од прашањето за името

Премиерот Зоран Заев очекува брзо да се најде решение за несогласувањата со Бугарија за револуционерот Гоце Делчев, бидејќи тоа шрашање, според него, било полесно отколку спорот со Грција за името на македонската држава.

„Ова е полесно прашање од прашањето што го имавме со името со Грција. Верувам дека за се постои решение во кое двете страни ќе бидат среќни“, изјави Заев во интервју за Македонската телевизија.

„Испраќам порака спрема соседна Бугарија дека сме подготвени да влеземе и преку прашањето за Гоце Делчев. Ако ние останеме повредени, тоа не е пријателство. Верувам дека ќе најдеме решение со пријателска Република Бугарија“, додаде тој.

Претседателот на Владата го почитувал бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, кој вчера на Македонија јасно ѝ стави на знаење дека Бугарија ќе ја блокира за членството во Европската унија без согласност за историјата.

„Јас го почитувам и министерот Каракачанов, сè е океј, тој доаѓа често во Македонија, сфаќам различни ставови, но обврска имаме сите да ги помогнеме овие процеси“, рече Заев.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: