ТРАМП: Имам нешто што немаат ни ПУТИН, ни СИ ЃИНПИНГ
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека ниту Русија, ниту Кина имаат оружје какво што поседува Америка. Исто така, Трамп додаде дека станува збор за неверојатни “системи” за кои никој не знае и подобро така да остане.
Трамп ги прокоментира наводите од книгата на американскиот новинар Bob Vudvord која се заснова на 18 ексклузивни интервјуа кои Вудворд ги направил со Трапм. Согласно неговите интервјуа, Трамп изјавил дека САД има развиено нов нуклуеарен систем, каков што немаат Кина и Русија.
Поради ваквата изјава, Трамп беше критикуван дека оддава државни тајни.
“Поседуваме одлично вооружување. Зборувам за она што сме го направиле. Нашето вооружување е посилно отколку што некогаш било. Имаме потрошено 2/5 билиони долари за неговото развивање во изминатите 3 години. Станува збор за нови ракети за кои се надеваме дека никогаш нема да ги употребиме, но нашето нуклеарно оружје е во најдобра состојба во последните неколку децении” – изјави американскиот претседател.