fbpx

Објектив

Погледни подобро

ЏАФЕРИ: ЌЕ ПРЕДЛОЖАМ УКИНУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНИТЕ ВОЗИЛА НА ВЛАДАТА, ПА НЕКА СЕ ВОЗАТ СО ТРОТИНЕТ

44 пратеници од претходниот парламентарен состав поднеле барање за апанажа и се уште трае рокот за поднесување барања за надомест по престанок на функцијата и од поранешните министри. Собранискиот спикер Талат Џафери по денешниот  брифинг со новинарите посочи дека доколку добие предлог од Владата за укинување на патните трошоци на сите избрани и именувани функционери ќе треба да им се укине и правото на користење на службени возила и ќе го достави предлогот за гласање на пленумот. На брифингот Џафери додаде дека не смета дека на пратениците треба да им бидат укинати патните трошоци но има начин за да се дорегулира како тоа поинаку би функционирало.

Во насока пак на откочување на работата во законодавниот дом веќе за во понеделник на пладне Џафери посочи дека ќе ја свика и седницата за утврдување и составот на работните тела откако денеска се разгледуваа на комисијата за избори и именувања. Исто така на седницата во понеделник ќе се разгледува и точката за констатирање на оставката на Јагода Шахпаска.

Од приоритетните закони кои веќе се пристигнати во законодавниот дом се оние за основно и средно образование како и 5 те одлуки за прогласување на вонредна состојба од страна на  шефот на државата Пендаровски .

Законодавниот дом и во следниот период бара начини и модели според кои би работел поради заканата од пандемијата со Ковид 19. За тоа пак како и на кој начин ќе гласа пратеникот Зибери, Џафери посочи дека ги чекаат резултатите од инфективната клиника од кои ќе зависи дали тој ќе биде ставен да гласа во посебна просторија изолиран од останатите пратеници или пак воопшто нема да се појави на гласањето.

Во врска пак со пописот, Џафери посочи дека законското прдлог решение е од претходниот владин состав и нема основа за разгледување. За да има попис ќе треба новиот владин состав да предложи и достави ново законско решение до собранието.  За сега нема намера да свика седница ниту за изборот на замениците претседатели додека пратеничките групи писмено не ги достават нивните предлози во врска со тоа.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: