Peгиcтpиpaни 504 пpeкpшoци за нeнoceњe зaштитни мacки во изминaтитe 24 чaca
Во текот на изминатото деноноќие (10/11.09.2020 година) на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 504 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
Во земјава вчера беа регистрирани 121 нови случаи на Ковид-19, и тоа во Скопје-33, Охрид-11, Крива Паланка-девет, Куманово-осум, Штип, Тетово, Струга и Битола по шест, Кочани-пет, Кавадарци и Гостивар- по четири, Велес, Гевгелија, Струмица и Делчево по три, Свети Николе и Прилеп по два, Радовиш, Крушево, Македонски Брод, Берово, Валандово, Виница и Кичево по еден случај.