Грција се вооружува: Нови 18 борбени авиони за грчката војска и дополнителни 15000 војници
Грција ќе ја засили својата армија со купување на нови системи на вооружување и со зголемување на бројот на професионални војници за 15000 во текот на следните пет години.
Ова го најави премиерот на Грција Киријакос Мицотакис во својот говор во Солон, во ситуација кога владеат зголемени тензии на релација Грција – Турција во источниот Медитеран
Конкретно Грција ќе купи 18 нови авиони ловци од типот „Рафал“ кои ќе бидат замена за веќе застарените „Миражи 2000“ , како и четири нови фрегати. Покрај тоа ќе бидат ремонтирани и веќе постоечките четири, потоа ќе бидат набавени и 4 хеликоптери „Ромео“ , противтенковско вооружување за копнените сили, торпеда за воената морнарица и проектили за наведување за военото воздухопловство, наведува „Екатимерини“.
Мицотакис ова го најавил вчера, во говорот со кој требало да биде отворен Меѓунароидниот саем во Солун. Саем кој поради пандемијата од коронавирусот е откажан, но грчкиот премиер сепак говорел за економската политика на земјата за следната година.
Мицотакис истакнал дека грчката економија ќе добие финансиска инекција вредна 6,8 милијарди и воедно порачал дека промените на приоритетите во корист на издатоците за одбрана не значат и промена на економските цели.