fbpx

Објектив

Погледни подобро

На локални изброи со отворени листи? Новиот министер за правда Маричиќ најави промена на изборниот модел

Новиот министер за правда Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција рече дека верува оти е можно да се постигне согласност за отворени советнички листи и на локалните избори во октомври следната година да се гласа со преференцијални гласови.

Тоа, како што рече Маричиќ, е чекор напред кон определбата за отворени кандидатиски листи и за една изборна единица. Сепак, потсети дека во однос на Изборниот законик и можноста за отворени листи и една изборна единица, иако се носи со апсолутно мнозинство, добрата пракса укажува дека тој закон се носи со консензус.

„Знаете дека и од сегашното мнозинство и од СДСМ особено, имаше определба за воспоставување една изборна единици. Сепак дали тоа ќе се случи, зависи од волјата на останатите, бидејќи тоа е системска промена за која што треба да има консензус за да може да биде спроведена. Доколку сите партии или партиите со најмногу пратеници во собранието се согласат околу оваа реформа, секако дека ќе ја вградиме“, рече Маричиќ.

Доколку не се успее во тоа, тој додаде дека е можно постигнување согласност на наредните локални избори во октомври да се овозможи еден степен повеќе на демократизација.

Извор:МКД.мк

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: