fbpx

Објектив

Погледни подобро

Ако невестата или младоженецот качат температура, целата свадба да ја поминат со маски – Предлог протоколи на угостителите

Независната угостителска комора (НУК), изготви и достави предлог протоколи за работа на угостителските објекти од сите видови.
Ако невестата или младоженецот качат температура, целата свадба да ја поминат со маски, додека пак предвидено е температура на секој гостин да се мери по два пати во текот на веселбата.

Ова се само дел од протоколите кои ги предлагаат од Независната угостителска комора.

Тие бараат од надлежните, протколите да бидат разгледани и усвоени, за да не пропаднат: рестораните за свадби, дискотеките, ноќните клубови и другите видови на угостителски објекти за кои природата на работа неможе да се применат досега предвидените.

„Не е логично во еден момент да се дозволат настани со илјадници луѓе коишто можат да ги посетуваат и да се каже дека врз тие луѓе може да се има контрола, а од друга страна најобични прослави со 10, 20, 50 луѓе или мали свадби со 50, 100 луѓе да се каже дека не смее да се организираат и тоа во места коишто ги исполнуваат сите протоколи. Како во овие ситуации не може да се држи контрола ?.“ вели претседател на НУК – Здравко Јосифовски.

Според него, протоколите кои се на сила за работа на кафулињата и рестораните се недоволно прецизни и јасни, поради што оставено е простор за различно толкување на истите.

„Естрадните уметници треба да се оддалечени најмалку 5 метри од местото од каде пеат, што за 90% од локалите кои се помали не можно да се исполни како услов. А во сите други ситуации се бара растојание од метар ипол до два ? Нели оваа раздалеченост е идеална за превенција и заштита од Ковид 19? .“прашува Здравко Јосифовски, претседател на НУК.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107