Апасиев со кредит од 3,5 милиони денари, Муцунски нема стан, но има автомобил од 1.75 милиони денари
Државната комисија за спречување корупција изнесе податоци од анкетните листови за имотната состојба на дел од избраните пратеници, меѓу кои и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
Кандидатката на ВМРО- ДПМНЕ на претседателските избори, професорката Гордана Силјановска-Давкова има завидни заеднички депозити во банка, од кои едниот е 55.688 евра и 3.508 долари на девизна штедна книшка, а другиот е 11.523 евра на девизна сметка.
Иванка Василевска, професорката која стана пратеник како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, има два кредита од лани од кои едниот од 1,2 милиони денари и другиот од 50.000 евра. Има два стана во Сопиште со вкупна вредност од 7,5 милиони денари, а кај брачниот другар пријавила три возила од кои мотор Јамаха, Нисан X треил и Цитроен Ц3 – сите во вредност од 2.050.000 денари.
Јован Јаулески, доскорешниот претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, од личен имот пријавил само депозит од 2.500 евра и автомобил голф 5 произведен во 2004, но го купил на старо во 2015 и вреди 200.000 денари.