fbpx

Објектив

Погледни подобро

Законот за леагализација повторно на дневен ред во Собрание

Новиот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски во интервју за МИА изјави дека повторно ќе се актуелизираат промените на предложениот закон за легализација на дивоградби.

Законот е веќе во собраниска процедура, односно тоа е истиот закон што е поднесен. Во моментот кога Собранието ќе го актуелизира Министерството ќе биде подготвено да разговара со сите пратенички групи и сите заинтересирани страни секако на крајот на денот во оваа парламентарна демократија да се донесе закон којшто ќе го регулира делот на бесправо изградените објекти. Се она што е изградено во заштитени зони на Охридското крајбрежје и станбените згради со намена А2 нема да биде предмет на легализација со овој закон. Ова е една заштита за да се запрат таквиот тип на злоупотреби. Законот е далеку порестрикивен од претходниот и има момент на казнивост од повеќе аспекти” – вели Бочварски.

Аспектот на дивоградбите, укажува, не треба да се гледа единствено од оваа страна според законот за третман на бесправно изградени објкети, туку и со инспекцискиот надзор.Според Бочварски, новиот Закон за урбанистичко планирање што почнува со примена се регулираат состојбите за да не се дозволи, како што вели, главното урбанистичко биро да биде на Илинденска, во министерствата или општините, туку онаму каде што треба – кај архитектите и планерите, да помине и низ каналите на локалната самоуправа и јавноста.Апелира секогаш да се внимава на законитоста бидејќи, укажува, многу често заглавените предмети имаат и одредени пропусти и проблеми што апсолутно не смееме да дозволиме да се случат.

Објектите од втора категорија што во најголем дел се градат во државата се во ингеренции на општините, а за тие од прва категорија Министерството за транспорт и врски и овој аспект секако е многу важен за мене за надградба на Министерството со капацитет и кадар бидејќи и тука недостасува квалитетен кадар за кој веќе разговарав и со службите и разговарам со луѓе кои се подготвени тука да дадат своја поддршка. Се работи за инженери и архитекти кои се подготвени да бидат од помош и да дадат свој придонес во Министерството“- вели Бочварски.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: