СРАМНО!!! Ди Марија го плукна Гонзалес само неколку дена откако го победи коронавирусот!
Дербито во француската Лига 1 во неделата кое го доби Марсеј 0:1 заврши со пет црвени картони и тепачка во финишот.
Сериозна казна може да заработи Анхел Ди Марија поради тоа што го плукна Алваро Гонзалес. Ди Марија само неколку дена пред натпреварот го победи коронавирусот, а сега го плукна Гонзалес затоа што го навреди Нејмар.
Судијата на натпреварот не го забележа Аргентинецот па помина без казна. Сепак камерите го уловија моментот, па Ди Марија може дополнително да биде казнет.