fbpx

Објектив

Погледни подобро

LG го претстави новиот смартфон Wing со два екрани

Компанијата LG официјално го претстави својот нов смартфон со два екрана и ротирачки механизам.

LG претходно имаше мобилни телефони со два екрана како што се G8X ThinQ и Velvet, но новиот модел Wing е сосема поинаков.

Смартфонот има два OLED панели, првиот е стандарден со 6,8-инчи, а под него е 3,9-инчен панел. Уредот поседува ротирачки механизам. Малиот екран се користи за истовремено користење на други апликации или за дополнителна функционалност.

Екраните може да се користат за гејминг или за стриминзи.

Смартфонот доби Qualcomm Snapdragon 765 процесор со интегриран X52 модем за 5G поддрѓка, 8 GB RAM, 256 GB интерна меморија, батерија од 4.000 mAh, а поддржува и безжично полнење.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: