Министерство за одбрана објави оглас за вработување на 200 професионални војници во АРМ
Министерството за одбрана денеска објави оглас за вработување на 200 професионални војници во служба во АРМ.
Според огласот се работи за договор за вработување во времетраење од 4 години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст по избор согласно закон.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат посебна здравствена и физичка способност, да имаат завршено средно образование и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.
Платата изнесува над 25.000,00 денари, со дополнителни над 8.000,00 денари трошоци за станбено обезбедување по навршување на 4 години служба во Армијата.
Кандидатите при селекцијата ќе подлежат на тестови за проверка на физичката подготвеност.
Јавниот оглас за прием на професионални војници ќе трае 15 дена вклучувајќи го денот на објавување.