fbpx

Објектив

Погледни подобро

По само 1 недела работа во Франција се затворени 81 училиште

Од почетокот на школската година, само по една недела на работа на 7 септември, Министерството за образование регистрира дека 28 школски установи и 262 паралелки беа затворени заради епидемијата, јави дописникот на МИА.

А според последните бројки кои ги даде министерот за образованием Жан Мишел Бланкие, до денес се затворени осумдесет и едно училиште и нешто повеќе од 2.100 паралелки поради случаи на Ковид-19.

Бројот на затворените училишта претставува околу 0,13 отсто од околу 60 000 училишта во земјата. Ова се бројки кои се уште се многу ограничени, а кога имате само 0,13 отсто, сепак е добро враќањето на училиште“, процени Бланкие.

На 7 септември, Министерството броеше само 28 затворени училишта и 262 паралелки поради епидемијата.

-Имаме околу 1.200 нови случаи на ученици заразени со Ковид во споредба со претходната недела“, детално објасни министерот, потсетувајќи дека општо е правилото, „да се затвора една паралелка ако има три регистрирани случаи со Ковид.“

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: