Брутално претепан со шипка и боксирач: Лупчо Палевски во критична состојба
Активистот и претседател на движењето „Трета“, Љупчо Палевски попладнево е брутално нападнат и претепан. Според информациите на Нетпрес тој е во критична состојба во Систина, а лекарите се борат се неговиот живот.
Неофицијално тој бил пресретнат и брутално нападнат пред својот дом на пат кон својата викендичка од непозната група на сторители. Изминатиот период Палевски се чини беше единствениот човек кој се бореше за вистината во Република Македонија. Преку објави на својот Фејсбук тој со јавноста сподели низа на доверливи информации, почнувајќи со аферата Атлантик во која масовно се следеле и прислушкувале опозициски претставници и активисти кои се бореа против промената на името, а потоа ја објави и вистината за како што вели тој за случајот „27 април“.
Првичната претпоставка е дека нападот е политички мотивиран.
Од Трета на Фејсбук објавија: “Палчо е пребиен од двајца на мотор пред куќа. Облечени во црно,со црни кациги. Со шипка маван и боксирачи по глава.На 55 годишен ли бе? Упатен е према болница со брза помош. Пи*ки“..
Палчо е пребиен од двајца на мотор пред куќа.Облечени во црно,со црни кациги.Со шипка маван и боксирачи по глава.На 55 годишен ли бе?Упатен е према болница со брза помош.Пички..
Posted by ТретаПолитика on Thursday, September 17, 2020