fbpx

Објектив

Погледни подобро

Бугарија преку меморандум до ЕУ за ништење на Мекедонецот: Македонец не е национална, туку регионална или географска припадност

Бугарските медиуми денеска го објавија целиот документ на бугарската влада кој е доставен до Европската Унија а со кој се бара во преговарачката рамка за Македонија да се вметне посебно поглавје со кое Скопје ќе гарантира дека ќе ги прифати сите барања на Софија.

Во меморандумот иако Бугарија се повикува на европско правила во однос на Македонија има десетици историски и политички небулози кои се спротивни на сите европски стандарди за самоопределување или човекови права и слободи.

Во дел од документот кој вчера не беше целосно објавен стои дека во соседната држава стотици илјади Бугари се самоопределуваат како Македонци но со тоа тие не ја означување нивната национална туку регионална или географска припадност.

Со тоа Бугарија сака во ЕУ официјално да ја наметне тезата дека нема македонска нација ниту “Македонци” како етничка припадност туку само како географска припадност.

Затоа во документот индиректно се бара да се запре забуната кога се користи терминот “Македонци” во светот. Практично Бугарија на маса го става барањето надвор од Македонија д ане се користи придавката “македонски” туку фразата “од Република С. Македонија”.

“Во соседните држави терминот „македонски“ се користи за означување на географска припадност, а не на национален идентитет. Во Бугарија стотици илјади Бугари се самоопределуваат како „македонци“ по однос на регионалната припадност , која јасно посочува на бугарска етническа припадност. Поради тоа постои значително недоразбирање кога термините „македонски“ и „граѓани на Република Северна Македонија“ се користат во рамки на меѓународни форуми”, пишува во делот посветен на историскиот контекст од оргиналниот документ на бугарската влада.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: