fbpx

Објектив

Погледни подобро

МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ЌЕ ИСПЛАТИ ДИВИДЕНДА ВО БРУТО ИЗНОС ОД 15,40 ДЕНАРИ ПО АКЦИЈА

Информација за акционерите на Македонски Телеком АД – Скопје со право на дивиденда за 2019 година Собранието на Македонски Телеком АД – Скопје, на својата годишна седница одржана на ден 30.06.2020 година, ја усвои Одлуката за исплата на дивиденда на Друштвото за 2019 година и утврдување на дивиденден календар. Согласно со Одлуката на Собранието, Македонски Телеком АД – Скопје информира за следново:

▪ Дивидендата за 2019 година се утврдува во вкупен бруто износ од 1.328.387.395,00 денари или бруто износ од 15,40 денари по акција (заокружено на две децимали), во кој се вклучени сите даноци, каде што е применливо, и кои ќе бидат задржани и платени од бруто дивидендата согласно со важечката даночна регулатива во Република Северна Македонија на датумот на исплатата.

▪ Сите акционери кои се евидентирани во Книгата на акционери на Македонски Телеком АД – Скопје на 22.07.2020 година имаат право на дивиденда за 2019 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2019 година беше 20.07.2020 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2019 година беше 21.07.2020 година.

▪ Исплатата на дивидендата за 2019 година ќе се изврши на 28.09.2020 година.

Начин на исплата на дивиденда кон акционерите со право на дивиденда за 2019 година:

За физички лица – резиденти на Република Северна Македонија

– Исплатата на дивиденда кон физички лица – резиденти на Република Северна Македонија, ќе се врши на трансакциските сметки на кои согласно евиденцијата на Македонски Телеком АД – Скопје им е исплатена дивиденда минатата година.

– Новите акционери, физички лица – резиденти на Република Северна Македонија како и оние акционери кои сакаат дивидендата да им биде исплатена на трансакциска сметка различна од минатата година се повикуваат да достават податоци за трансакциска сметка и копија од лична карта најдоцна до 21.09.2020 година по e-mail на IR@telekom.mk или по пошта на следнава адреса:

Македонски Телеком АД – Скопје Со назнака: До Сектор за контрола, сметководство и даноци „Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, 1000 Скопје, Република Северна Македонија Телефон за контакт: +389 70 200 919/+389 2 3242 255/+389 2 3242 395

За правни лица – резиденти на Република Северна Македонија и правни и физички лица – странски резиденти

– Акционерите правни лица – резиденти на Република Северна Македонија, како и акционерите правни и физички лица – странски резиденти, се повикуваат да достават податоци за банкарската сметка најдоцна до 21.09.2020 година на која ќе се изврши трансферот на пари по основ на исплата на дивиденда.

Покрај податоците за банкарските сметки:

– Странските правни лица се повикуваат да достават „Потврда за резидентен статус”, заверена од надлежниот даночен орган на странската држава чијшто резидент е правното лице, најдоцна еден ден пред исплатата на дивидендата,

– Странските физички лица се повикуваат да достават Единствен даночен број (ЕДБ) за нивна даночна регистрација во Република Северна Македонија, најдоцна до 21.09.2020 година.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на:


Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-includes/functions.php on line 5279

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/grommk/public_html/objektiv.com.mk/wp-content/plugins/really-simple-ssl/class-mixed-content-fixer.php on line 107