На 2 октомври Ахмети ќе биде сослушан за случајот „Попис“
Пописот се организираше во време на владеење на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ. Истрагата за „Попис“ привршува, a лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе биде сослушуван на 2 октомври.
Ќе треба да каже на кој начин беше запрен процесот на пребројување на населението во 2011 – та година.
Сепак, оваа статистичка операција на само пет дена пред завршување, беше прекината по оставката на сите тогашни членови на пописната комисија.
„Значи, оние граѓани кои се отсутни повеќе од една година од државата, нема да се попишат. Законот е дециден, препораките и методологија на Еуростат се децидни и јас сум обврзана да работам по нив.“, велеше претседателката на Државната пописна комисија – Весна Јаневска.
Тие тогаш оценија дека поради недоследности во процедурата, ќе се добијат нерелевантни податоци.
Истрагата за овој случај ја отвори сега веќе згаснатото Специјално јавно обвинителство, а освен Ахмети за пропаѓање на пописот го сомничеше и екс-премиерот Никола Груевски кој доби азил во Унгарија.
Последниот попис е од 2002 година.