fbpx

Објектив

Погледни подобро

Пратеник на СДСМ му се спротистави на Груби: Класична дискриминација, со државни пари да се субвенционираат приватни фирми да не се вработуваат Македонци е навистина неприфатливо и недозволиво

Мирослав Богдановски, пратеникот од коалицијата „Можеме“ и припадник на владеачкото парламентарно мнозинство во Собранието, е еден од првите кој се побуни против најавата на првиот вицепремиер Артан Груби за субвенционирање на вработувањата во приватниот сектор за правична етничка застапеност.

„Владата ќе ги субвенционира приватните компании кои ќе вработат Албанци или граѓани од другите помали етнички заедници.Сите компании кои ќе ја запазат правичната застапеност ќе бидат помогнати од Владата“, најави генералниот секретар на ДУИ во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21. Груби додаде дека оваа мерка во Влада ќе се разгледува во следниот период.

Но на ова веднаш реагираше пратеникот од ДОМ, инаку дел од коалицијата „Можеме“, која освои најмногу гласови на последните парламентарни избори.

„Класична дискриминација, со државни пари да се субвенционираат приватни фирми да не се вработуваат Македонци е навистина неприфатливо и недозволиво !!!“, напиша Богдановски синоќа на Фејсбук.

Тој е поранешен раководител на Секторот инспекторат на Град Скопје и поранешен директор на Државниот инспекторат за животна средина.

error

Ви се допадна објавата? Споделете на: