Тијаго Алкантара е нов играч на Ливерпул: Играчот за врска на Баерн Минхен се сели на Енфилд
Ливерпул и Баерн денеска се договорија за трансфер на шпанскиот играч за врска Тијаго Алкантара.
Одличниот 29-годишен играч за врска реши да ги напушти редовите на тимот од Минхен по седум години, и да се приклучи во редовите на уште еден велика со кого претходно имаше договор.
Ливерпул и Баерн долго време преговараа за трансфер на овој фудбалер. На крајот, сè е договорено, па дури се знае и кој број ќе го носи новиот играч за врска на „црвените“.
Тијаго ќе потпише четиригодишен договор со Ливерпул. Баерн веднаш ќе повлече 20 милиони фунти и дополнителни 5 милиони фунти ќе им платат „црвените“ доколку ја освојат Премиер лигата или Лигата на шампионите.
Шпанецот на дресот ќе го има бројот шест, а овој број го носеше и во Баерн.
Тијаго наскоро ќе отпатува за Англија и ќе потпише договор со актуелниот шампион на Англија.